За време на неговото гостување на нашата телевизија, ќе имате можност да видите какви одговори даде на прашањата што му ги постави водителот Иван Мирчевски.
Иван Динев е професор на Универзитетот во Синсинати, САД, а одговорите што ги даде на поставените прашања сигурно ќе предизвикаат бурни реакции во јавноста.
„Ова за мене е малку бестијално“
Мирчевски го праша Динев што мисли за причината поради која во Македонија постои музеј посветен на жртвите од Холокаустот, а одговорот што следуваше беше скандалозен.
– Таква окупација, фашистичко убивање на луѓе. Пази што зборуваш за Евреите македонски, верувај ми. Да излеземе сега јас и ти надвор од студиото и да прашаме некој Евреин – а знам многу. Има музеј на Холокауст во Скопје. Што мислиш, зошто го направиле музејот на Холокаустот во Скопје? – праша Иван во текот на разговорот.
Динев го прекина додека го поставуваше прашањето со реченицата:
– Бугарија, единствено ја прави транспортцијата на Евреите…
А потоа, кога одговараше на прашањето, изјави дека тоа за него е „пропаганда“.
– За пропагандни, делумно пропагандни… – изјави Динев.
– Молам, јас се оградувам. Ова за мене е малку бестијално.
Динев тврди дека фотографиите за страдањето на Евреите во Музејот на Холокаустот во Скопје биле фотомонтажа , што е уште еден доказ за крајно неверојатното извртување на историските факти од страна на Бугарија и нејзините претставници.
По ваквите скандалозни наводи очекуваме и остра реакција од Музејот на холкаустот во Скопје, како и од еврејските заедници не само во Македонија, туку и во сите земји во светот, особено од САД, каде што работи и живее Иван Динев.
![]()

