„НОВИ СТАНДАРДИ: Петар Богојески се откажа од 78% додаток – Прима само основна плата!“

Во време кога јавноста е сè погласна во барањата за транспарентност и одговорност од функционерите, новиот директор на Националната агенција, Петар Богојески, постави нови стандарди. Наместо комфор и привилегии, тој избра скромност, професионалност и посветеност.

Нула денари за репрезентација и патувања

Според официјалните информации, Богојески од преземањето на функцијата:

Прима само основна плата, без функционерскиот додаток од 78% што му следува по закон;

Не искористил ниту денар за репрезентација;

Не користел средства за службени патувања, дневници или било какви дополнителни трошоци;

Не користи службено возило ниту возач;

Работи без секретарка и дополнителна логистика.

Канцеларијата – сала за сите, не за еден

Наместо вообичаената луксузна директорска канцеларија, Богојески одлучил просторот да го пренамени во отворена сала за состаноци и координација, каде секој вработен има пристап. Таа е место за колективни одлуки, дебати и средби со надворешни соработници.

Пример или исклучок?

Овој пристап отвора многу прашања: Дали Богојески ќе остане единствен во ваквиот однос кон јавната функција? Или можеби ќе биде пример кој ќе го следат и други?

Во секој случај, јавноста има право да знае, а функционерите имаат обврска да покажат дека служат на граѓаните – не обратно.

Loading