Од Министерството соопштија дека пожарот зафатил надворешен дел од дворот на болницата обраснат со сува трева и е успешно локализиран. Не е причинета друга материјална штета врз болничките објекти и нема повредени.
Министерството за здравство информира дека ситуацијата со пожарот кој започна во скопската населба Геге, а се прошири кон Бардовци, зафаќајќи дел од дворот на Психихатриската болница „Скопје“, е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Оттаму соопштија дека пожарот зафатил надворешен дел од дворот на болницата обраснат со сува трева и е успешно локализиран. Не е причинета друга материјална штета врз болничките објекти и нема повредени.
„Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти“, наведуваат од Министерството за здравство.
На фејсбук-профилот на болницата доцна синоќа е објавено дека веднаш по гасењето на пожарот, во и пред болничките објекти дел од персоналот стражари и ја следи ситуацијата.
„Како раководител на оваа установа, сакам од срце да му се заблагодарам на целиот персонал за посветеноста, професионализмот и солидарноста што ја покажаа денес. Нашата болница секогаш останува во служба на граѓаните, во секоја ситуација“, пишува директорот на болницата Хиса Авдулаи во објавата на Фејсбук.
![]()

