Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, денеска изјави дека пожарот кој избувна во неделата попладне покрај магистралниот пат Скопје-Блаце најверојатно е подметнат. Според него, пожарот не е предизвикан од фрлен отпушок од цигара, туку од дрвени пелети натопени со бензин.
Ангелов објасни дека на терен забележал дека линијата на оган е премногу широка за пожар предизвикан на природен начин, а на неколку локации биле пронајдени пелети, веројатно со бензин, што укажува на намерно предизвикување на огнот. И покрај тоа, пожарот е под контрола, но утрово имало обиди да се реактивира.
Директорот апелираше до граѓаните да пријават сомнително однесување, особено ако забележат луѓе кои носат дрвени пелети.
Тој додаде дека нема вистина во гласините дека биле загрозени манастири, цркви или куќи во Чучер Сандево, и дека благодарение на храброста на пожарникарите, пилотите на Армијата и МВР, како и на локалното население, биле спречени поголеми штети.
![]()

