НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ СРБИЈА: Повредени лица, поплавени улици, затворен аеродромот во Белград (Видео)

Моќно невреме денеска попладне го зафати северниот дел на Србија, предизвикувајќи хаос во Белград и во Нови Сад. Силен ветер, град и обилни врнежи предизвикаа големи штети, а најтешко погодени беа сообраќајот и безбедноста на граѓаните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Во центарот на Белград, кај познатата локација Славија, лимена табла се одлепи од зграда и повреди млада девојка, според извештаите објавени на социјалните мрежи од профилот „мој београд“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Ситуацијата беше слична и во Нови Сад, каде само за дваесетина минути ветерот направи сериозна штета. Во населбата Детелињара, силен налет на ветер собори дрво врз минувачи, при што беа повредени осумгодишно девојче и жена на 41-годишна возраст, потврдија од Заводот за итна медицинска помош.

Во неколку делови на градот беа срушени дрвја, а неколку возила беа оштетени.

Во Белград, аеродромот „Никола Тесла“ е привремено затворен поради екстремните временски услови. Летовите се пренасочени, а патниците информирани за застојот.

Страшното невреме предизвика сериозни последици во двата града, а надлежните служби се на терен и работат на расчистување и проценка на штетата.

 

Loading