Новак Ѓоковиќ ги преплаши милионите свои навивачи во последниот гем од четвртфиналето на Вимблдон против Италијанецот Фабио Коболи, откако се лизна и падна токму на меч-топка. Во тој момент, целиот стадион замолкна, а камерите фатија како синот Стефан се фаќа за глава, а сопругата Јелена воздивнува од страв.
Судијата и Коболи веднаш му притрчаа на помош, а Новак по неколку секунди се прибра и продолжи со играта. Победи со 3:1 во сетови и така го обезбеди своето 52-ро полуфинале на Грен слем турнирите, што е историски рекорд.
Во тие драматични моменти, цела публика од регионот ја слушна и реакцијата на хрватскиот коментатор на Sport Klub, која веднаш стана вирална:
„Не… не… на меч топка… Јааооо…“ – изреагира гласно и драматично.
По натпреварот, Ѓоковиќ изјави:
„Завршив меч, имав тешко пролизгување, мислам дека немав многу падови оваа година. Се изненадив, со оглед на тоа како се движам и лизгам, но се случи во чуден момент. Ќе видам со физијотерапевтот како ќе се развива.“
Во полуфиналето во петок, Новак ќе се соочи со Италијанецот Јаник Синер, дуел што започнува по 17 часот по средноевропско време.
Видеото од драмата на теренот погледнете го ТУКА.
![]()

