Сончев и топол викенд пред нас, со температури до 37°C: А еве какво време ќе имаме следната недела

Сабота и недела (12 и 13 јули) не очекува стабилно, суво и претежно сончево време низ цела Македонија, со слаба до умерена локална облачност и ветер од променлив правец.

Во Скопје и околината времето исто така ќе биде сончево, со повремена облачност и слаб ветер.

Од југ повторно ќе продре топол бран од Африка, но овојпат со послаб интензитет. Температурите нема да бидат екстремни, но сепак ќе се искачуваат високо.

Во сабота (12 јули), максималните температури ќе се движат од 28 до 35°C, а во недела (13 јули) ќе достигнат од 30 до 37°C. Во Скопје, се очекуваат 35°C во сабота и 37°C во недела.

Според сегашните метеопрогнози за следната недела, не очекува многу топло време, почнуваји од понеделник (38 степени), а уште потопло ќе биде од среда, а ќе имаме екстремно топол викенд, 19 и 20 јули.

Loading