Биткоинот постави нов рекорд: над 122.000 долари за еден биткоин

Биткоинот денес достигна рекордна вредност од 122.540,92 американски долари, највисока во својата историја.

Скокот е резултат на зголемен интерес од институционални инвеститори, ограничена понуда и поддршка од нови регулативи што ја олеснуваат употребата на криптовалути.

Според Reuters, повисокиот интерес доаѓа благодарение на американската „crypto week“, каде Конгресот ќе разгледува клучни закони како Genius Act и Digital Asset Market Clarity Act, што ветуваат регулаторна сигурност за дигиталните средства.

Bitcoin оствари пораст од околу 29 % во 2025 година, а Ether, XRP и Solana исто така бележат пораст од околу 3 %.

Како што наведува Economic Times, овој раст се должи на институционалните купувања, поволна макроекономска околина и полесна регулаторна рамка. Bitcoin сега се смета за дигитално злато и потенцијална вредносна резерва за долгорочно вложување.

И покрај оптимизмот, аналитичарите предупредуваат на продолжена нестабилност, но бројни инвеститори го гледаат биткоинот како безбедна дигитална алтернатива на традиционалните вложувања.

Loading