Познатиот режисер Емир Кустурица, кој во последно време отворено ги поддржува студентските блокади и протести низ Србија, се соочува со директни последици од страна на власта. Неговиот ресторан „Висконти“ на Мокра Гора бил одеднаш затворен, под образложение за наводни неправилности во работењето.
Во извештајот на даночниот инспектор од Ужице, до кој дојде српскиот весникот Данас, се вели:
„Со оглед на утврдените факти во записникот од спроведената даночна контрола за евидентирање на промет преку електронски фискален уред и ангажманот на вработените, Ве известуваме дека е утврдена неправилност за која е предвидена мерка привремена забрана за вршење дејност, која ќе биде спроведена на 25 јули 2025 година.“
Кустурица, познат по својата критичност кон властите, саркастично прокоментира: „Награда од Александар Вучиќ и Синиша Мали за најдобро село на светот, барем по мерка на УНЕСКО.“
Весникот Данас потсетува дека личности како Новак Ѓоковиќ и Емир Кустурица, некогаш миленици на провладините медиуми, денес се мета на жестоки кампањи само затоа што застанале зад младите кои протестираат. Тие се обвинети за обиди за „шарена револуција“, а против нив се фабрикуваат афери и напади во прорежимските медиуми.
На телевизија Информер, уредникот Драган Ј. Вучиќевиќ изнесе навреди кон Кустурица, обвинувајќи го дека е дел од странски сценарија за дестабилизација на државата, само затоа што режисерот ослободување на приведените студенти во Ужице.
Кустурица веќе подолго време е во конфликт со владејачките структури, особено поради неговото силно противење на рударските проекти во Србија:
„Подготвен сум да го загубам животот во борбата против оние што ја уништуваат животната средина, било да сакаат да копаат кобалт, никел или литиум на српска територија,“ изјави тој минатата година.
![]()

