Светски познатата климатска активистка Грета Тунберг престојува во Македонија, каде денеска преку видео-обраќање на Инстаграм потврди дека се наоѓа во Скопје. Таа истакна поддршка за локалните иницијативи насочени кон заштита на животната средина и охрабри граѓански активизам поврзан со еколошките прашања.
Во видеото, Тунберг подвлече дека климатската борба е поврзана со пошироки општествени вредности:
„Ова не е само борба за климата, туку и за правдата, за животот и за иднината. Сите овие прашања се испреплетени и повикуваат на заедничка акција.“
Таа најави учество на вечерашната јавна дискусија во Скопје во Социјалниот центар „Дуња“, а за утре најави приклучување на протестна блокада за заштита на реката Дошница.
„Реките, шумите и локалните екосистеми се скапоцен дел од нашата иднина. Мораме да ги заштитиме со заеднички напори,“ рече Тунберг, испраќајќи порака на солидарност.
View this post on Instagram
Активистката претходно посети и општествено-културната установа во Тетово, каде се запозна со младински иницијативи што работат на теми одржливост, екологија и заедничка акција.
![]()

