Мистериозна несреќа во Грција: Познат турски бизнисмен исчезна по потонување на неговиот јахта

Јахтата на 43-годишниот Халит Јукаи е пронајдена преполовена и потоната, а од него – ни трага, ни глас.

Турските власти се во вонредна потрага по бизнисменот Халит Јукаи, кој исчезнал под неразјаснети околности кај грчкиот остров Миконос. Последен пат е виден во сабота навечер, кога тргнал од марината во Јалова, југозападна Турција.

Паниката почнала кога неговото семејство не можело да воспостави контакт со него. Подоцна, турската крајбрежна стража добила известување и започнала операција за пребарување. Јахтата е пронајдена во близина на островот Проконесос, разделена на два дела, делумно потоната, без никакви траги од патникот или членови на екипаж.

Во потрагата се вклучени нуркачи, хеликоптер и неколку патролни бродови, но сè уште нема никакви сознанија за судбината на Јукаи. Инцидентот предизвика огромен интерес во турската јавност, особено поради тоа што се работи за познато име во бизнис светот.

Халит Јукаи е роден во 1982 година и е основач и сопственик на „Mazu Yachts“, компанија која изработува ексклузивни јахти со современ дизајн и најнова технологија. Од обичен работник во бродоградилиште, Јукаи успеал да изгради успешна кариера и реномирана компанија, која во последната деценија стекна голема популарност меѓу светската елита.

Истражителите не исклучуваат ниту една можност, а јавноста со нетрпение очекува одговори.

Loading