Угинати животни во центарот на Скопје – Вардар станува гробница! (ВИДЕО)

Во срцето на Скопје, каде секојдневно минуваат илјадници луѓе и туристи, се одвива сцена што тешко се поднесува – угинати животни скапуваат во коритото на реката Вардар. Наместо чиста река и уреден кеј, гледаме трули остатоци, лешеви и неподнослива смрдеа што се шири низ градот.

Ова не е само еколошки проблем – ова е слика на системска негрижа, на институционален молк и загрозување на јавното здравје.

Колку долго ќе живееме со оваа слика? Дали некој ќе преземе одговорност или ќе останеме глуви пред ваквата глетка?

Видеото снимено од објективот на ТВ Канал 5, сведочи, алармира и повикува: време е за итна реакција.

Loading