Хаос во хрватски камп, се испотепале Срби, Хрвати, Црногорци и Босанци

Хрватската полиција уапси седум лица по жестока тепачка во камп на островот Паг во понеделникот наутро. Меѓу приведените има тројца хрватски државјани, двајца Срби, еден државјанин на Црна Гора и еден од Босна и Херцеговина.

Инцидентот се случил во неделата во раните утрински часови во населбата Повљана, каде осомничените на „особено дрзок начин“ го нарушувале јавниот ред и мир, и тоа во присуство на други гости во кампот.

Според соопштението на полицијата, прво дошло до вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу групата Хрвати и еден Србин од една страна и уште еден Србин, Црногорец и Босанец од другата страна. Се почнало внатре во сместувачкиот објект, но тепачката продолжила и надвор, при што бил оштетен и инвентар.

Учесниците биле приведени истото утро. Кај повеќето од нив било утврдено присуство на алкохол, а тројца добиле и лесни телесни повреди, потврдени од екипите на Брза помош.

Според локалните медиуми, тепачката била кулминација на претходен инцидент – нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект во Повљана околу 3 часот по полноќ, во кој биле вклучени двајца Хрвати и еден Србин.

Против нив е поднесен тужба до надлежниот суд за прекршување на Законот за јавен ред и мир, а 24-годишен Хрват дополнително се товари и за нарушување на Законот за дискриминација.

Loading