Млада мајка го оставила бебето покрај контејнер, се огласи и таткото: „Се тресев“

19-годишна девојка е обвинета дека го оставила своето бебе покрај контејнер.

Во Вишото јавно обвинителство во Белград е сослушана Александра С. (19), осомничена дека во петокот го оставила своето бебе покрај контејнер во Земун.

Според Обвинителството, постои основано сомнение дека на 29 август околу шест часот наутро, Александра го изнела новороденчето од својот дом, го завиткала во пелена и пешкир, го ставила во пластична кеса која ја заврзала и го оставила на место надвор од видокругот на луѓето.

Осомничената се товари дека се обидела да го лиши детето од живот. За време на сослушувањето таа се бранеше со молк, искористувајќи го своето законско право да не изнесе одбрана, а одреден ѝ е притвор, пренесуваат српските медиуми.

Бебето било пронајдено во петокот од страна на жена која поминувала покрај контејнерот, а таткото на бебето ден потоа се огласи во медиумите и ја раскажал ситуацијата.

„Лежевме дома, децата си играа и заспав. Таа инаку е добра и драга личност, навистина прекрасна. Се скаравме затоа што мојата ќерка го извадила заштитното парче од струјата. Таа веднаш го одзеде од детето и го оддалечи за да не се повреди, а јас ѝ реков: ‚Љубов, те молам, води повеќе грижа додека јас спијам.‘ Таа рече дека и јас морам да бидам покрај неа. Јас реков дека е во ред, но додека јас спијам, таа треба повеќе да води грижа. Така се потскаравме. Двајцата се исплашивме за детето, сè помина, но расправијата продолжи“, рече Саша и додаде дека му се чинело дека нешто ја мачи Александра по породувањето.

Таткото ја опиша како добра мајка и добра личност, но дека од раѓањето на детето, како да носела во себе некој проблем што не му го откривала.

Бебето веднаш било пренесено во болница за натамошна нега.

Loading