Македонската јавност е длабоко потресена по веста за смртта на Владимир Блажев – Панчо, член на познатото музичко дуо ДНК, кој почина по тешките повреди здобиени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Панчо настапуваше во клубот во моментот кога избувна огнот, а според очевидци, тој веднаш реагирал и преку микрофонот ги повикал присутните да излезат надвор и да се спасат.
Иако во првите денови имаше надеж дека неговата состојба се подобрува, за жал, познатиот пејач не успеа да се избори за живот.
Владимир Блажев – Панчо зад себе остави две деца, Андреја и Марјан, како и голема празнина во македонската музичка сцена и срцата на многумина кои го познаваа и го сакаа.
![]()

