Казнети 138 возачи во октомври поради нелегално затемнети стакла

Во текот на октомври годинава, Министерството за внатрешни работи санкционирало 138 возачи поради непрописно вградени фолии и прекумерно затемнување на стаклата на нивните возила.

Како што информира Секторот за сообраќајни работи, контролите се спроведувале на територијата на целата држава во периодот од 1 до 31 октомври 2025 година. Против сите прекршители се изготвени соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека ваквите сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намалат ризиците од несреќи.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесеме за побезбедни патишта“, порачаа од Министерството.

Loading