Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски уште еднаш покажа државничка зрелост и политичка стабилност, ставајќи го фокусот таму каде што му е местото – на резултати и трајни дела за Македонија. Во интервју за „360 степени“, Николоски јасно порача дека спиновите за наводни лидерски амбиции и „расколи“ во ВМРО-ДПМНЕ се неосновани конструкции, кои со години се пласираат, но немаат никаква почва.

Наместо да се занимава со предвремени сценарија за 2029 година, Николоски испраќа силна порака на одговорност: приоритет се проектите што оставаат траги, модернизацијата на инфраструктурата и конкретните придобивки за граѓаните. Тој потенцира дека сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ има јасен мандат и јасна цел – изборни победи и стабилно водење на државата низ следните изборни циклуси.
Со смирен тон и убедлив став, Николоски демонстрира лојалност, тимска работа и блиска координација со премиерот и Владата, нагласувајќи дека токму таквата функционална соработка носи реални резултати за државата – а тоа е она што најмногу им пречи на политичките противници. Во време на евтини сензации и дневни спинови, Николоски се профилира како лидер на дела: фокусиран, одлучен и насочен кон иднината.
![]()

