Претседателот на Венко Филипче изјави дека Социјалдемократскиот сојуз не само што останува релевантен политички фактор, туку бележи и постепено намалување на разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ.
Одговарајќи на новинарски прашања, Филипче нагласи дека перцепцијата за слабеење на партијата е резултат на, како што рече, организирана медиумска кампања насочена против СДСМ.
Во контекст на изјавите на поранешниот претседател Стево Пендаровски, лидерот на СДСМ истакна дека тие биле погрешно интерпретирани и извадени од поширокиот контекст.
„Кога ќе се разгледа целината на изјавата, јасно се гледа дека станува збор за поддршка на реформските процеси во партијата. Сепак, дел од медиумите свесно креираат наратив за поделби и слабости“, рече Филипче.
Тој посочи дека е контрадикторно што, и покрај тврдењата дека СДСМ е „политички неактивна“, најголемиот дел од критиките и нападите се насочени токму кон нив.

„Ако сме нерелевантни, зошто толку внимание се посветува на нас? Одговорот е едноставен – СДСМ повторно се консолидира и ја намалува разликата со владејачката партија“, нагласи Филипче.
Според него, постојат анкети кои покажуваат дека односот меѓу двете најголеми партии се движи кон значително изедначување, во споредба со периодот по изборите во 2024 година.
Дополнително, Филипче ја обвини актуелната власт за, како што рече, сериозни случаи на корупција и злоупотреба на јавни средства, потенцирајќи дека опозицијата редовно изнесува информации за сомнителни тендери и одлуки.
„Наместо фокус на реални политики и решенија, сведочиме на кампањи со дискредитации и лични напади“, изјави тој, додавајќи дека ваквиот пристап е знак на политичка несигурност кај власта.
![]()

