Глорификацијата на Ратко Младиќ од партијата на Иван Стоилковиќ и од нејзини функционери повеќе не е само прашање на политички вкус, национална пристрасност или коалициска непријатност. Таа отвора и сериозно прашање за можната кривична одговорност и за обврската на институциите да постапуваат еднакво кон сите.
Професор Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, побара Основното јавно обвинителство веднаш да реагира и да утврди дали со објавите се исполнети елементите на кривичното дело предвидено во член 407-а од Кривичниот законик. Истовремено, тој јавно и недвосмислено го огради Македонски концепт од, како што го нарече, српскиот етнички шовинизам на Демократската партија на Србите – коалициски партнер во „Твоја Македонија“.
Пораката на Богојески е дека коалициската припадност не смее да биде алиби за молк, ниту политичкиот интерес да биде поважен од вредностите. Неговата објава ја пренесуваме во целост:https://www.facebook.com/share/p/1CCZhxDrZ4/

![]()

