ТУЃИТЕ ПРЕСТОЛНИНИ ПРЕД СОПСТВЕНАТА ТАТКОВИНА: Проф.Богојески со остра порака до Македонците

Зошто по толку борби и страдања повторно ги правиме истите грешки? https://www.facebook.com/share/p/18XYPBM7uK/ Ова прашање го отвора професорот Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, во објава во која повикува на преиспитување на односот кон сопствената држава и националните интереси.

Во фокусот на неговата порака е загриженоста дека туѓите политички интереси пречесто добиваат предност пред потребите на Македонија. Според Богојески, причините за повторувањето на историските неуспеси треба да се бараат и во сопствените поделби, суетата и преокупираноста со туѓите центри на моќ.

„Зашто свој леб јадеме, туѓо гајле бериме!“ – порачува тој, посочувајќи ги Москва, Вашингтон, Брисел, Белград и Софија како симболи на политичките адреси кон кои, според него, се насочува повеќе внимание отколку кон сопствената земја.

„Повеќе сме загрижени за туѓи бели дворови (…) отколку за себе и за нашата Македонија“, наведува Богојески.

Осврнувајќи се на македонските борби за слобода, тој ја поставува дилемата дали историските страдања навистина се претвориле во научена лекција. Неговата критика е насочена кон повторувањето на обрасците на однесување во кои инатот, суетата и зависта го потиснуваат заедничкиот интерес.

„Од инат, суета, завист… повторно сме истите и повторно ја правиме истата грешка“, пишува лидерот на Македонски концепт.

Објавата завршува со морално и религиозно прашање, преку кое Богојески повикува на лична и колективна одговорност:

„Дали ние сме следбеници на Бога или на ѓаволот? Редно е да се запрашаме!!!“

Со хаштагот „#ЖалнаМакедонија“, тој ја заокружува пораката: борбата за сопствената држава подразбира и подготвеност нејзиниот интерес да се стави пред туѓите политички агенди и сопствените суети.

Loading