Општина Битола објави јавен повик за учество во новогодишната манифестација „Зимска приказна“. Преку повикот ќе се избираат културни и туристичко-промотивни настани што ќе ја збогатат празничната програма во градот. Манифестацијата ќе се одржи од 21 декември 2026 до 7 јануари 2027 година.
Право да аплицираат имаат домашни физички и правни лица што работат во областа на културата и културниот туризам. Пријавите може да се достават електронски на zimskaprikazna@bitola.gov.mk или лично во архивата на Општина Битола, на шалтер број 3.
Крајниот рок за пријавување е среда, 2 декември 2026 година. Пријавите во архивата ќе се примаат до 15:30 часот, а електронските пријави до 23:59 часот. Настаните ќе ги избере комисија формирана од градоначалникот.
![]()

