Земјата денес и во наредните денови ЌЕ БИДЕ ПОГОДЕНА од силна геомагнетна БУРА

Земјата денес и во наредните денови ќе биде погодена од силна геомагнетна бура која предизвикува ерупции на површината на Сонцето до кои дошло претходните денови, соопштила Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA).

Јачината на оваа бура ќе биде „G4“, од која е посилна само „G5“, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитските и радиофреквенции, пренесува порталот „Watcher.news“.

Ова е од 2005-та година прва геомагнетна бура со јачина „G4“, а се очекува дека ќе почне вечерва и ќе трае до 13-ти мај.

До неа доаѓа поради збирниот ефект на пет ерупции на површината на Сонцето кои се случиле во претходните денови.

Исто така се очекува и дека оваа бура утре би можела да го предизвика феноменот Поларна светлина (Arurora borealis) појужно од обично, во американските сојузни држави Вирџинија и Алабама.

Геомагнетната бура со екстремна јачина од „G5“ последен пат била забележана во октомври 2003-та година и предизвикала снемување на струја во Шведска и оштетување на трансформатори за струја во Јужна Африка.

Loading