Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека тој е само негов потрчко на чело на СДС. Филипче со поддршката и лојалноста кон Заев, покажува дека не се откажува од предавствата, аферите и криминалот, изјави на прес конференција пратеникот Миле Лефков.
„Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажа од предавствата кои тој ги направи со Бугарија, ниту од неговите ставови за Делчев, Илинденското востание и Македонија.
Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажа и од криминалите кои тој ги правел, од тендерите во РЕК Битола, ЕСМ.
Филипче не се откажа од издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци. Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува и од рекетот и криминалот врз фирмите кои ги избираа и кои се негово секојдневие. Филипче не се откажува од Заев, затоа што и тој сака да биде како Заев. Со Филипче нема ништо ново во СДС, повторно Заев е главен“, оценува Лефков.
![]()

