Од синоќа во 21:40 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку преминот Стража.
Ограничувањето важи во двата правца и е воведено поради неповолни временски услови или состојба на патиштата.
Возачите се предупредуваат да бидат внимателни и да ја следат состојбата на патиштата, како и препораките од надлежните служби. Лесните моторни возила засега може да сообраќаат непречено.
Инаку, до крајот на оваа недела во Македонија ќе имаме многу променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, повремено и на повисоките места со надморска височина до околу 1000 метри, и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува.
![]()

