БОГОЈЕСКИ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА ДО РАМА: Гледај си ја чергата твоја во Албанија!

Гледај си  ја ти чергата твоја во Албанија, со жестока реакција му возврати Петар Богојески, претседател на Македонски концепт на Еди Рама, премиерот на Албанија кој смета дека дека албанскиот јазик не е прашање за Уставниот суд во Македонија.

„Не е твоја работа да коментираш судски одлуки на македонски Уставен суд. А за тоа дека ти си направил Македонија да постои, не само што ме засмеваш, туку ме разочаруваш. Домашно воспитување е да се заблагодариш на Македонија што прими стотици илјади бегалци од Албанија за времето на Енвер Хоџа и стотици илијади од Косово за времето на Слободан Милошевиќ. Но дали ти имаш такво домашно воспитување? Се сомневам“, порача Богојески.

 

Loading