ПОЛИТИКА ДОЗНАВА: СДСМ ПРЕД НОВ РАСКОЛ, се разбудија апетитите?!

Стариот судир од пред три години кога дојде до раскол помеѓу Зоран Заев и Радмила Шекеринска се разгорува повторно, дознава Политика од луѓе блиски на поранешниот претседател на социјалдемократите.

Ова, како што дознаваме, се случува откако Шекеринска беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО, што е една од највисоките функции за политичар кој доаѓа од земјите на Западен Балкан. Оваа моќна функција, ги разбудило, како што велат нашите извори, нејзините партиски амбиции за да го засили своето влијание, а потоа и да ја преземе лидерската позиција во СДСМ.

Му претстои ли на СДСМ сличен раскол како оној од пред неколку години меѓу скопското крило и луѓето кои останаа лојални на Заев кога тој беше на кормилото на партијата пред мајскиот конгрес во период кога во притвор заврши еден од најблиските соработници на Заев, Драги Рашковски , е прашање на кое денеска не успеавме да добиеме одговор.

Понатами, нашите извори велат дека за да ја оствари својата цел поранешната претседателка на СДСМ и министерка за одбрана, Шеќеринска, ги користи невладините активисти кои традиционално и се лично блиски и лојални, како што е новоизбраната заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска, која доаѓа од Сорос Фондацијата.

Наводно, велат нашите соговорници блиски до екс претседателот на СДСМ, идејата била, по мандатот во НАТО, Шекеринска да биде кандидат за претседател на Македонија од редовите на СДСМ, нешто што е ноќна мора за Заев.

За да дознаме што се крие зад овие неофицијални информаци, има ли вистина или се само шпекулации побаравме изјава од заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска која не упати во Центарот за комуникации на СДСМ од каде што до објавување на написот не добивме одговор.

 

Loading