Влегувањето на полицијата во Судскиот совет, според професорот Гордан Калајџиев, е своевиден државен удар.
„Претреси на полицијата во Судскиот совет е своевиден државен удар“, напиша тој на социјалните мрежи.
Наспроти ваквата реакција на професорот Калајџиев, МВР вели дека собира докази за фалсификувани записници со кои евентуално е сторено кривично дело, а не дека се врши претрес за други цели.
Како што објавивме претходно, полицијата ги бара документите со кои на колегиум бил продолжен мандатот на Весна Дамева како претседател, кој инаку требаше да и заврши на 5 декември. Полицијата има отворено предистрага и собира докази.
„Одземено е тоа што треба да се земе, предистрага е во моментов, нема што да се каже, кога ќе заврши сѐ ќе информираме, до кога ќе трае и тоа не се знае“, велат од МВР.
![]()

