Охридската полиција информира дека на 13.12.2024 во 10.00 часот во СВР Охрид, 53 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари.
Според пријавата,измамникот ѝсе јавил пред две недели и ја известил дека поради зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината уплата од 250 евра пораснала и во нејзиниот електронски паричник сега имала 16.500 долари, информираат од СВР Охрид.
Потоа, осомничениот побарал од неа да спушти една мобилна апликација и да има пари на нејзината трансакциска сметка доколку сака да ги подигне парите.
Како што е пријавено, таа ја спуштила апликацијата и подигнала кредит од финансиско друштво, а по некое време откако отишла во банка била известена дека парите биле префрлени на сметка на друго лице, по што сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
![]()

