Неофицијално, и поранешниот премиер Димитар Ковачевски е вклучен во истрагата на МВР во Лотарија на Македонија.
Тој ќе треба да одговори на многу прашања за кои, како што објавивме претходно, молчеше заедно со тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
ОБНОВЕНО
Подоцна во текот на денот беше потврдено дека МВР ги сомничи и Димитар Ковачевски, Артан Груби, како и уште шест други, за сериозен криминал во Државната лотарија на Македонија.
Министерот за внатрешни работи не соопшти имиња, но потенцираше дека се опфатени еден поранешен премиер, еден поранешен вицепремиер, еден поранешен генерален сектретар на Владата и други екс функционери. Сите се сомничат за злоупотреби при набавките на коцкарски апарати во вкупна вредност од над 10 милиони евра.
Полициски службеници утринава направиле претрес во повеќе домови, поради постоење сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија, влегле во домот на Артан Груби, но тој не бил најден таму.
Истото се случило и кога полицијата извршила претрес во домот на поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами. И тој се уште не е достапен за полицијата.
![]()

