Kaква случајност: Kaмерите на „Блаце“ снемале батерии баш кога поминувал Груби, и тоа пешки

МВР соопшти детали како Груби ја минал границата на „Блаце“.Тоа го напавил пешки, а не работеле батериите на камерите.

Патничкото возило „мерцедес“ со кое се превезувал Груби и не го евидентирале за излез од државата.

Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата.

Поранешниот прв човек на Државна лотарија, Перперим Бајрами и екс вицепремиерот, Артан Груби се осомничени за сторено кривично дело, Проневера во службата. Според обвинителството, го оштетилете буџетот на државната лотарија за сума од над 8 милиони евра преку незаконска набавка на апарати за игри на среќа. Идејата за купување на видеомашините била на Бајрами, а таа експресно ја поддржал вицепремиерот Груби.

„Второосомничениот, иако знаел дека барањето за конкретната јавна набавка е противзаконско и дека „Државна лотарија“ нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа во јуни 2023 година како вицепремиер претседавал со седница на Влада, и покрај тоа што бил свесен дека акционерското собрание нема надлежност да одлучува за конкретната зделка“, појаснуваат од Јавното обвинителство. Лотарија ги купила видеоапаратите, но тие никогаш не биле употребени, велат од обвинителството. Појаснуваат дека правото самостојно да организира електронски игри на среќа, Државната лотарија го нема од 2013 година.

Истрагата за двајцата поранешни функционери е иницирана од МВР и финансовата полиција.

Loading