Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков и порача на СДСМ да се реформира, наместо неосновано да обвинува во чие време е направен криминалот во Државна лотарија.
„Моменталното друштво на СДСМ мора под итно да размисли за реформи кога веќе зборуваме за некакви реформи затоа што сметам дека во моментов се само едно добро друштво за журки во Дубаи, ништо повеќе, вели Трајков.
Таа во врска со обвинувањата на СДСМ во чие време е извршен криминалот на Артан Груби, кој му беше прв вицепремеир на Ковачевски, истакнува дека изјавите на социјалдемократите се небулозни и дека граѓаните не им веруваат.
-Крајно време е да се зафатат со работа, а не да зборуваат вака требало, така требало. Дечки до вчера бевте на власт, требаше да си ги сработите работите, не бевте заинтересирани. Оставете не’ да работиме. Можеби е ваша задача да критикувате како опозиција, но гледаме дека моментално фокусот е кој пејач да го викнат на журка, изјави Трајков.
![]()

