Четиригодишното дете што беше повредено во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Рашче, кога возило излета од патот и падна во реката Вардар, е во стабилна здравствена состојба.
Телата на четирите жртви од трагичната несреќа кај Рашче, каде автомобил марка „Ауди“ заврши во студените води на Вардар, се дадени на обдукција. Возилото беше извлечено синоќа, а во него беа пронајдени три женски тела – на мајка, ќерка и снаа. Вчера попладне, спасувачите го пронајдоа и телото на 56-годишниот маж, четвртата жртва на трагедијата.
На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција, соопшти МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кое според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.
![]()

