ДОБРО УТРО со АМАТЕРКАТА и МАНИПУЛАТОРСКИТЕ СДС „АЛБАНОФОБИ“

МАНИПУЛАТОРСКИ СДС „АЛБАНОФОБИ“

МАНИПУЛАТОРСКИ СДС „АЛБАНОФОБИ“

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Промашениот концепт на „едно општество за сите“ ниту помогна ниту ги реши, а најмалку ги намали нерешените локални фрустрации на етничките заедници во Македонија. Дека тоа е така потврда е видеото кое неодамна се постираше на социјалните мрежи.

Видео со содржина од конфликтот во 2001,  коешто го споделуваа функционери на ДУИ, со лидерот на партијата, Ахмети облечен во УЧК униформа, во кое порачува дека до сега не изгубил ниту една војна. Намерите се јасни, пораката разбрана. Но, се поставува прашањето зошто токму сега? Зошто вакво видео не кружеше за време на владеењето на „двоглавата“ влада ДУИ  – СДС? Тогаш и „волкот беше сит и офците беа на бров“, нели?

Од друга страна пак, овие заеви шарени чираци кои до неодамна беа воодушевени од концептот „едно општество за сите“,   ја променија реториката кон своите бивши партнери ДУИ, па ги обвинија за меѓуетнички тензии кои до сега очигледно  не ги приметиле. Демек, се оградуваат од довчерашните „браќа“?!

Последиците од овој весел социјален експеримент на лаборантот Заев и неговите шарени чираци ги чувствуваме денес. Станавме заморчиња на неуспешни мултиетнички експерименти што нѐ направија неуспешна држава. Иако беа свесни и едните и другите (ДУИ и СДС) дека овој експеримент не успеваше и не даваше веродостојни резултати, сепак инженерингот продолжуваше и низ негова призма се покриваше сиот оној апашлук кој и се случуваше на Македонија.

Од неуставно вработување по етнички клуч со помош на нелегален попис на населението и уништување на администрацијата со некадарници, преку високи коруптивни зделки до мали голчиња и кошарка по кабинети со цел покажување непочит и омаловажување на институциите и државата воопшто.

Полни усти со фрази за меѓуетничка толеранција, соживот, мултиетничност… без видеа со маскирни униформи, сите скоцкани во оделца здружено со заевите чираци ја преименуваа Македонија, тераа „мајтап“ со македонскиот народ склучувајќи несреќни договори со соседите, а всушност арамилукот им бил заеднички единствен мотив за ваквото опстојување.

И што имаме денес ?

Кога дојде време за одговорност, падна и меѓусебен договор на доскорешната двоглава коалиција ДУИ – СДС кои немајќи ја истата моќ од претходно, организираат политички спектакли. Едниве се потсетија на маскирните униформи, а другиве пак демек,  повторно во духот на мултиетичноста ги обвинуваат за подгревање на етнички тензии. За СДС одеднаш станаа неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ за што  си добија етикета  албанофоби. СДС кои до вчера измеќаруваа на газда Али денес албанофоби?!

Останува да видиме дали оваа стратегија на заевите чираци ќе им помогне да се изземат од одговорност.

Кој ќе „преживее“ ќе разкаже!

 

 

Loading