БОРКО РИСТОВСКИ ИМ ФРЛИ ракавица на СДСМ и го побара само ОВА

Министерот за спорт Борко Ристовски одговори на обвинувањата на СДСМ и повика на дебата со еден услов – тој што ќе дојде да се подготви, наместо да покажува елементарно непознавање на спортот.

СДСМ вчера обвинија дека со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците”.

Ристовски најпрво потсети дека сите претходници на спортските инситуции во Македонија од претходната Влада се соочуваат со кривична пријава за проневера на пет милиони евра.  Тој посочи на фактот дека од Агенција за млади и спорт, новото Министерство наследило нула денари, а го спомена и ваучер системот.

„Вообичаено не одговарам на лаги и небулози, но во интерес на вистина овојпат должност и обврска ми е пред јавноста да ги објаснам работите со факти и со аргументи.

Одиме по ред:

ФАКТ бр.1:

Кога зборуваме за корупција би сакал да го потсетам дотичниот претседател на Комисијата за спорт на СДС дека има кривични пријави за тројца функционери од редовите на СДС – Даниел Димевски, поранешен советник за спорт на Зоран Заев, и двајца поранешни директори на Агенцијата за млади и спорт – Дарко Каевски и Наумче Мојсовски, за проневера на 5 милиони евра т.н. ваучер систем.
Затоа, кога зборувате за корупција, имајте барем малку доблест и прво погледнете во сопствениот двор.

ФАКТ бр.2:

На сметката на тогашната Агенција за млади и спорт, СДС нема оставено 9 милиони евра, туку 0 (и со букви НУЛА) денари за субвенции во спортот (види фото!).
На другата страна, Министерството за спорт за 6 месеци обезбеди 550 милиони денари за субвенции и плус дополнителни 200 милиони денари од игри на среќа, или вкупно 750 милиони денари наменети за македонскиот спорт.

ФАКТ бр.3:

СДС нема сменето ништо од нивниот корумпиран ваучер систем, туку тоа го направи Министерството за спорт преку законските измени минатото лето.

П.С.
Порака до Комисијата за спорт на СДС/ советник на екс премиерот Ковачевски/ кошаркарски тренер во обид – За да дебатирате за било која тема поврзана со спортот, треба да имате елементарно познавање на спортот и како функционира спортот и институција како Министерство за спорт.

П.П.С.
Оставам простор за дебата на било кое место и во било кое време на некој од националните медиуми, со било кој „спортски функционер“ од СДС.
Единствен услов: кој и да е соговорник, да дојде подготвен.”, пишува во одговорот на Борко Ристовски.

Loading