ДОБРО УТРО со Аматерката и дилемата: Зошто ви смета „откривањето“ на Обичуко и сузбивањето на нарко-клановите?

Зошто ви смета „откривањето“ на Обичуко и сузбивањето на нарко-клановите?

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Ниската политичка култура на јавна комуникација на политичките актери, си има свој континуитет. Нормално би било опозициските политички актери да ги критикуваат владејачките актери за коруптивно однесување, за нечесно, непрофесионално и нетранспарентно извршување на функциите.

Но, кај нас одамна нормалноста има поинаква дефиниција па така,  деновиве се изнаслушавме и начитавме вулгарности и штетни наративи со  навредувачки јазик и секако етикетирање на политичките неистомисленици.

 

Лидерството на вулгарноста сеуште го има левиот Димче со помош на неколку измислени новинарчиња кои лечат фрустрации по поткасти и социјални медиуми. Немајќи аргументи за сериозни обвинувања, тргнаа „жестоко“ со критика кон патните трошоци само на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ како и кон Христијан и неговото патување во  САД. И, што? Зарем патни трошоци за прв пат се исплатени досега? Зарем само на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ му следуваат? Демек прв пат премиер патува за САД? Е, да на ваков настан до душа и прв пат.

Имајќи предвид дека народов ни е сеирџиски, си сурфате на сеирџискиот бран и си правите фатаморгана и дефокус од навистина битните и круцијални проблеми со кои се соочува овој народ и моменталната влада како „оставштина“ од претходната власт.

Кого штитите?

Ги преплавивте социјалните мрежи со смешно едитирани сликички, монтирани видеа и вулгарни коментари. Зарем ова се најклучните моменти во државава за кои треба да се коментира? Нели приметувате дека се „разбива“ башибозлукот што го остави Обичуко. Нели приметувате дека се „стеснуваат“ улиците за мафијашите и дилерите на дрога кои ни ги трујат децата со години!? До неодамна низ државава се случуваа ликвидации и убиства на невини луѓе среде бел ден, дилери се фотографираа со функционери од власта, мафијашите беа чести посетители по владини кабинети, а убијци држеа беседи на сопствени поткасти!

Ако правите циркуз мислите народот ќе заборави што се случуваше !?

Обичуко ви сценираше полициски акции кои секогаш завршуваа без резултат и нарко дилерите бегаа од државава. Многу брзо заборавивте дека над 200 пасоши од МВР беа дадени на крупни нарко дилери, снема еден тон марихуана од јужна Македонија, Заев даде милион евра на Арачиновци, која е единствена општина која зеде пари божем за борба против ковид. Во Прилеп беше фатен началник за шверц на марихуана, кој до  денес не е предмет на обвинителство и тн…

Се потсмевате на објавите од владата за конечно завршените проекти, започнати од минатиот век… Се мајтапите на лична основа со дел од функционерите, а суштината ја нема во етер.

Се поставува логично прашање: Зошто ви смета „откривањето“ на Обичуко и сузбивањето на нарко-клановите?

Loading