Александар Лукашенко, кој се очекува да освои седми последователен мандат на претседателските избори во Белорусија, нема легитимитет, изјави високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
„Лукашенко ја држи власта 30 години. Повторно ќе биде избран во новата шарада од избори. Тоа е навреда за демократијата, напиша Калас на платформата „Икс“
Претседателските избори ќе бидат формалност за Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.
Големото протестно движење против Лукашенко што се појави по неговиот реизбор во 2020 година беше брутално задушено. Неколку стотици Белоруси беа осудени на долги затворски казни, додека стотици илјади луѓе избегаа од земјата, особено во Полска.
Инаку, повеќе од 480 меѓународни набљудувачи се акредитирани за претседателски избори во Белорусија денеска, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК). Интересот за изборите е прилично голем.
Акредитирани се над 800 новинари, од кои 300 од странство. Од 21 јануари веќе почна предвременото гласање за еден од кандидатите – лидерот на Либерално-демократска партија Олег Гајдукевич, бизнисменката Ана Канопацка, првиот секретатр на Централниот комитет на Комунистичката партија Сергеј Сиранков, претседателот на Републиканската партија на трудот и правдата Александар Хижнјак и актуелниот претседател Александар Лукашенко.
Лукашенко кој е на власт 1994 година утре ќе обезбеди седми претседателски мандат, со оглед на тоа што неговите ривали се или во затвор или во егзил.
Лукашенко на претходните избори, одржани во август 2020 година, според официјалните резултати, освои 80 отсто од гласовите.
![]()

