СДСМ остро реагира и се противи на најавите на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, за преименување на улиците во градот кои носат имиња од нашето антифашистичкото минато.
На вредностите од НОБ и антифашизмот почива современата македонска држава. Било какво бришење на најсветлите страници на македонската историја значат удар врз темелот на којшто почива државата, велат од СДСМ.
„Значењето на партизанската борба и нејзините идеалите никој не смее да ја омаловажува, брише и пребришува. СДСМ како поддржувач на НОБ и антифашизмот се спротивстави на овие најави на Касами. Советниците на СДСМ ќе застанат силно против преименувањето на улиците. Како коалицискиот партнер на Касами, бараме Мицкоски јавно да го повика да се повлече од овој предлог.
А советниците на ДПМНЕ исто така да се спротивстават и да застанат против, со што оваа одлука нема да се донесе. СДСМ јавно ги осудува намерите на Касами да создаде нови поделби, раздор меѓу граѓаните и етнички тензии. Националистичките сценарија на Касами се на штета на сите граѓани без разлика на етничка или партиска припадност“, порачуваат социјалдемократите.
![]()

