Уште еден млад живот згасна на Скопскиот булевар „Партизански одреди„. 22 годишна девојка вчера вечер пред полноќ беше прегазена од 20 годишен возач.
Од здобиените повреди девојката починала на лице место а 20 годишниот возач е приведен, известува МВР.
– На 29.01.2025 вo 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Скопје, удрило во пешакот Ф.К.(22) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Возачот В.Ј. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. – МВР.
Од надлежните институции не се соопштуваат повеќе детали бидејќи истрагата е во тек, но неофицијално девојката не била прегазена на пешачки премин. Јавниот обвинител издаде наредба и за испитување на крв и урина кај возачот како и наредба за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата.
Неприлагодена брзина, непочитување на правилата и прописите во сообраќајот, недоволно казни и сообраќајниот хаос ја прават Партизанска – еден од главните булевари во Скопје, опасна зона за пешаците. Граѓаните се надеваат дека со „Сејф сити„ безбедноста на скопските улици ќе се зголеми.
![]()

