Какви предлози подготвува СДСМ за ТЕШКИТЕ ПРЕКРШОЦИ во сообраќајот – ОВА го има и во европските земји

СДСМ ќе предложи законски решенија за поголема безбедност пред училиштата и во сообраќајот, најави лидерот на партијата Венко Филипче.

„Сметам дека е добро што ќе има јавна расправа во Собранието. Ние како партија во текот на изминатите денови припремавме и некој предлог законски измени и решенија и ќе ги презентираме на таа јавна расправа. Два конкретни предлози имаме како партија прво да има присутен полицаец пред и во секое училиште за време на одвивањето на наставата и тој полицаец би се грижел за безбедноста на влезот во училиштето и на пешачките премини и секако за безбедноста на училиштето гледајќи што се случува со некои инциденти во регионот. И вториот предлог ќе биде сериозно заострување за казните за најтешките прекршоци во сообраќајот коишто дури ќе вклучуваат и одземање на возилото и тоа е по примерот на некои европски земји“, изјави Филипче.

Loading