Американскиот претседател Доналд Трамп исто како Москва пред повеќе од една година, го означи Меѓународниот кривичен суд во Хаг како еден од главните проблеми во светот.
Трамп воведе санкции за Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради насочување на истрагите кон САД и нивните сојузници, како што е Израел, изјави претставник на Белата куќа.
Како што јавуваат светските агенции, регулативата ќе вклучува финансиски и визни санкции против поединци и членови на нивните семејства кои му помагаат на МКС во истрагите против американски граѓани или сојузници на САД, рече претставникот.
Потегот на Трамп доаѓа откако минатата недела демократите во американскиот Сенат ја блокираа републиканската иницијатива за санкционирање на МКС, што беше одговор на издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради војната на Израел во Појасот Газа.
Нетанјаху моментално е во Вашингтон, а МКС не одговори веднаш на барањето за коментар.
Судот веќе презеде мерки за заштита на персоналот од можни санкции на САД, како што е исплата на плати три месеци однапред, како подготовка за финансиски ограничувања што може да ја парализираат работата на Трибуналот за воени злосторства, изјавија извори минатиот месец.
Пред повеќе од една година, Москва, исто така, покрена постапка против МКС за налог за апсење на Путин за наводни воени злосторства. САД и поранешниот претседател Џо Бајден го поддржаа Меѓународниот кривичен суд (иако САД дури и тогаш не го признаваше судот) и апсењето на рускиот претседател под сомнение дека извршил воени злосторства во Украина.
![]()

