Две црни лимузини изрешетани со куршуми претпладнево беа на паркингот пред тргпвски центар во Чаир. На тоа место загина 35-годишниот Хабиб Буњаку, вработен во администрацијата на државната енергетска компанија МЕПСО, јавува Телма.
Буњаку починал во болница од раните во престрелката меѓу две групи. Според сознанија на Телма, бил на прослава во објект во центарот и при излегување се обидел да раздвои две групи кои се расправале.
Тогаш Буњаку бил смртно ранет, а полицијата соопшти дека причина за престрелката меѓу две групи била сообраќај за што биле известени десетина минути пред полноќ.
Буњаку инаку е син на поранешен функционер на ДУИ, неговиот татко Екрем Буњаку до 2017-та бил директор на Техничкиот инспекторат и таа функција ја извршувал 8 години. Истрагата покрај првичните наводи за сообраќај како причина за инцидентот, проверува и други можни мотиви.
![]()

