Марихуаната стана прв избор за брза заработка кај младите – Во Чаир фатена на дело 22-годишна скопјанка

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, ја лишиле од слобода В.К.(22) од Скопје.

При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум.

„По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Loading