Фондот за здравство и Управата за извршување санкции со реформа ќе овозможат сите осудени лица што издржуваат затворска казна, да имаат здравствено осигурување веднаш по влегувањето во затворскиот систем, а не со едномесечно одложување како што беше досега. Благодарение на тоа што досега пријавувањето за здравствено осигурување одземаше 1 месец, поради административни процедури, се калемеа големи долгови што мораше да ги плаќа Управата за извршување санкции.
„Очекувам од затворите да бидат многу ажурни и веднаш по пристигнувањето на лицето да го пријавуваат за веднаш да добие здравствено осигурување. Досега како Управа за извршување санкции ни се имаат наталожено 600 илјади евра долг на затворите кон Клинички центар, што очекувам дека нема да биде случај со измените. И затворите се кабает, зашто не биле ажурни во запишувањата на осудениците, но службите имаа состаноци со ФЗОМ и мислам дека се е договорено како што треба и овој проблем ќе се надмине, истакна за „Слободен печат“ директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.
![]()

