Ветено, сторено: Трамп ги седнува на маса Русите и Украинците во Минхен

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека претставниците на Украина и Русија ќе се сретнат во денес на Минхенската безбедносна конференција.

„Денес, 14 февруари, ќе има состанок во Минхен. Русија ќе биде таму со нашите претставници. Украина, инаку, исто така е поканета. Не сум сигурен кој ќе ја претставува која земја. Но ќе има високи претставници од Русија, Украина и САД”, изјави Трамп во Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Трамп не сакаше да даде повеќе детали за оваа средба.

Американското национално јавно радио (НПР) претходно објави дека американскиот потпретседател Џej Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио ќе се сретнат со украинскиот претседател Володомир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Денес во главниот град на Баварија започнува 61. Минхенска безбедносна конференција (МСЦ).

Според претходните неофицијални најави, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, на конференцијата би можел да го претстави планот на администрацијата на Трамп за ставање крај на војната во Украина, а шефот на МСЦ Кристоф Хојсген изрази надеж дека мировниот проект може да се оформи за време на конференцијата во Минхен.

Loading