Мицкоски со порака до Вреди: ЗАБОРАВЕТЕ НА ПРОМЕНА НА ХИМНАТА И ЈАЗИКОТ

Ќе нема разговори за нова химна и за промена на формулацијата „20 отсто“ во албански јазик, ако се отвора Уставот тоа ќе биде само за нов државен грб и за тоа ќе се потрудиме да обезбедиме консензус, вели за „Слободен печат“ висок владин функционер по најавите на владиниот партнер Вреди за пакет уставни измени со кои би се решиле повеќе отворени етнички прашања. Со ова премиерот Христијан Мицкоски им праќа јасна порака на владините партнери Арбен Таравари, Билал Касами и Изет Меџити дека никаков „етнички пакет“ нема да биде на маса освен државниот грб.

„Не, нема ни да почнеме разговори за нова химна, за „20 проценти“, за македонско национално знаме. Единствено почнати се разговори за промена на државниот грб. За промена на грбот освен партиите ќе бидат консултирани и експерти и интенцијата е за новиот државен симбол да обезбедиме консензус“, вели високиот владин функционер, но не открива како ќе го убедат СДСМ да поддржи ново решение за грбот.

Loading