Снегот пристигна, хаосот започна – лизгање, судири и застои низ Скопје!

Обилниот снег што утринава паѓа во Скопје предизвика сериозни проблеми во сообраќајот, особено во некои критични делови од градот.

Најтешка е состојбата во Автокоманда, каде што во рок од неколку минути се случиле три сообраќајни несреќи. Според информациите на Press24, во судирите учествувале неколку возила, а лизгавите коловози придонеле за несреќите.

Засега нема официјални информации за повредени лица, ниту за висината на материјалната штета.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Loading