ЕУ со „лекција“ до Трамп: Украина е демократија, Путинова Русија не е

Европската унија одговори на обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој еден ден претходно го нарече Володомир Зеленски „диктатор“.

„Украина е демократија, Путиновата Русија не е“, изјави портпаролот на ЕУ, Стефан де Керсмакер.

Тој додаде дека ЕУ има „јасен и недвосмислен став“ по ова прашање: „Претседателот Зеленски е легитимно избран на слободни, фер и демократски избори“.

ЕУ, да потсетиме, е клучен сојузник на Украина, иако земјата не е членка на Унијата.

Loading