Поранешниот украински претседател Петро Порошенко го повика својот наследник Зеленски да избере помек пристап во односите со САД.
Порошенко беше претседател од 2014 до 2019 година, а сега е лидер на опозицијата во парламентот. Тој се уште е политички ривал на Володимир Зеленски, кој убедливо го победи на изборите во 2019 година.
Зборувајќи за растечките тензии меѓу Украина и САД, Порошенко рече дека Зеленски треба да престане „да се однесува како да е на стадион“.
– Овој облик на борба не е во корист на Украина, без разлика колку се елоквентни аргументите. Разговорот со Трамп бара дипломатско мајсторство, трпение и смиреност за да не се реагира на секоја негова изјава. Подготвен сум да одам во Брисел или дури и во Вашингтон за да ја спасам ситуацијата – додаде Порошенко.
Да потсетиме, Зеленски вчера му рече на пратеникот на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, дека Украина е подготвена да работи брзо за да создаде силен и корисен договор за инвестиции и безбедност со САД.
![]()

