Во Скопје повреден полицаец, случајно сам се застрелал!

Во СВР Скопје било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош. За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

Loading