Руските сили одбележаа 3 години од почетокот на војната – Утрово бомбардиран Харков

Руските сили рано утринава го бомбардираа градот Харков, на третата годишнина од почетокот на војната во Украина, оштетувајќи една компанија на периферијата на градот, изјави градоначалникот Игор Терехов.

Тој додаде дека нема повредени, а во тек е проценка на штетата, пренесува Укринформ.

Во Киев, како и во регионот Житомир, Суми и Харков, е прогласена тревога поради напад на руски дрон, а засега нема информации за повредени или штети.

Денеска се одбележува и третата годишнина од почетокот на целосната војна во Украина, а наскоро се очекува да продолжат руско-американските преговори за завршување на војната, во кои Украина и ЕУ не се вклучени.

Loading